Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈОТ НА ВОЈНАТА ЌЕ БИДЕ КОГА ЌЕ ПОБЕДИМЕ: Зеленски на Денот на независноста - Украина е повторно родена кога Русија ја нападна

КРАЈОТ НА ВОЈНАТА ЌЕ БИДЕ КОГА ЌЕ ПОБЕДИМЕ: Зеленски на Денот на независноста - Украина е повторно родена кога Русија ја нападна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им рече на Украинците во емотивниот говор по повод 31 година од независноста дека Украина се прероди кога Русија изврши инвазија и дека ќе го врати анектираниот Крим и окупираните територии на исток.

- На 24 февруари во 4 часот наутро во светот се појави нова нација. Оној што не побегна, тој не се откажа. И тој не заборави. Кој е крајот на војната за нас? Рековме: мир. Сега велиме – победа – рече Зеленски.

Денеска се навршува половина година од почетокот на руската инвазија на Украина

Во снименото емотивно обраќање, кое беше емитувано денеска на националниот празник и шест месеци од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Зеленски рече дека Украина повеќе не смета дека војната ќе заврши со воспоставување мир, туку кога ќе победи Киев, пренесува Ројтерс.

Улиците во центарот на Киев денеска се невообичаено празни, по предупредувањето дека Русија би можела да изврши нови ракетни напади врз големите украински градови во текот на денот, наведува британската агенција.


Слично

Поврзани вести