Крајната десница ќе „го парализира“ Европарламентот
Десничарските партии треба двојно да го зголемат бројот на места на изборите во Европскиот парламент што ќе се одржат од 23 мај до 26 мај, додека конзервативците и социјалдемократските партии се соочуваат со големи загуби, според анкетата објавена од германскиот весник Билд.
Губењето поддршка за водечките партии значи дека можеби нема да може да се формира "голема коалиција" во парламентот како оној што владее со Германија, според анкетата спроведена од 9.500 луѓе во шест држави.
Анкетата покажува дека екстремно десничарската Европа на народите и слободата, која ја вклучува австриската Партија на слободата и француското Национално движење на Марин Ле Пен, веројатно ќе добијат 67 места, во споредба со сегашните 37.
Инаку на последните национални избори во Полска во 2015 партијата „Право и правда“ доби 37,6 отсто од гласовите, Слободарската партија во Австрија во 2017 обезбеди 26 отсто од пратеничките места, а Данската народна партија имаше 21,1 од гласовите во 2015-та.
