КРАЈ ЗА ПЛАСТИКАТА, АМА КРАЈ И ЗА БИЗНИСОТ: Европа ги забранува стапчињата за уши, прибор за јадење ...
Европската комисија предложила нови правила кои се однесуваат на производство и продажба на 10 пластични производи за еднократна употреба , како и опрема за риболов, кои се означени како најчест причинител на загадувањето на европските плажи и мориња.
Пластиката во ЕУ ќе биде забранета и заменета со алтернативни материјали во производство на стапчиња за уши, чинии и прибор за јадење, цевки за пијалоци и држачи за балони.
-Пластичниот отпад несомнено е големо прашање и Европејците мора заедно да делуваат за да го решат овој проблем, бидејќи пластичниот отпад завршува во нашиот воздух, земјиште, наши океани и наша храна. Денешните предлози ќе ја намалат пластиката за еднократна употреба на полиците на нашите супермаркети преку низа мерки. Ќе забраниме некои од овие предмети и ќе ги замениме со „почисти“ така да луѓето и понатаму ќе може да ги користат своите омилени производи-изјавил првиот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс.
Европската комисија наведува дека производите од пластика кои се цел на новите мерки се „заслужни“ за дури 70 проценти од вкупниот отпад пронајден во морето.
Новите правила на различни начини ќе се применуваат на различни производи од пластика. Кога алтернативите се достапни и пристапни, пластичните производи за еднократна употреба ќе бидат забранети за пазарот.
