КРАЈ ЗА „ХЈУНДАИ“ ВО ОВАА ЗЕМЈА: Згаснуваат сите 4 фабрики
Јужнокорејскиот произведувач на автомобили Хјундаи го запре произвдоството во Кина поради тензиите помеѓу Пекинг и Сеул околу распоредувањето на американскиот ракетен систем.
Сите четири фабрики во Кина го запреа производството на возила откако локалните доставувачи ги запреа испораките на Хјундаи поради долгови.
Команијата не објави што довело до доцнење во исплатата на доставувачи. Производството на монтажни линии е запрено во почетокот на минатата недела поради недостаток на компоненти.
Продажбата на Хјундаи возила во Кина во период од април до јуни паднала за 64 отсто на најниско ниво од 2010 година.
Кинеските купувачи ги бојкотираат автомобилите на јужнокорејскиот произведувач поради одлуката на Сеул да го распореди ракетниот американски систем.
Јужна Кореја наведува дека целта на американскиот ракетен систем е да ја намали заканата од Северна Кореја, но Пекинг стравува дека неговите силни радари имаат домет и на нивна територија.
Хјундаи во првата половина на годината продал 321 000 возила во Кина, 42 отсто помалку во однос на минатата година.
