КРАЈ ЗА ГАСОТ:Русија ја пресече врската со Украина стара 20 години
Москва го раскина договорот со Киев за употребата на нафтовод, објавено е на сајтот на руската Влада.
Во декретот, се наведува дека Русија го поништила договорот после 20 години соработка со Украина за употребата на нафтовод.
Спогодбата потпишана на 26 јули 1995 година предвидува пренос на нафта преку две цевки во Русија и Украина со кои раководи „Трансјефтепродукт“ во состав на акционерско друштво „Трансјефт“.
Рускиот премиер Димитриј Медведев со декрет го раскина договорот на владата на Русија и Украина за соработка во раководење со гасоводи.
На руското министерство за надворешни работи му е наредено да ја извести украинската страна за одлуката на Москва.
Слично
