Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАЈ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ - Нов закон со затворски казни за сајтовите

КРАЈ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ -  Нов закон со затворски казни за сајтовите

Италијанската сенаторка Аделе Гамбаро од Либералната народна алијанса поднесе иницијатива за нов закон со кој ќе се воведат тешки казни за поединците и медиумите кои објавуваат лажни вести на интернет, а поддршка за новата регулатива е веќе обезбедена од мнозинството па наскоро ќе биде и изгласана.

Гамбаро во својот предлог закон предвидува парични казни до 10.000 доколку лажните вести се насочени против одредена личност,  а ако е загрозен јавниот интерес тогаш објвувачот на „Fake News“ ќе лежи во затвор една година.

На предлог законот се противат повеќе здруженија на онлајн издавачи бидејќи тој е насочен само кон интернет медиумите и сметаат дека нема да помине во Сенатот на Италија. Гамбаро пак, смета дека неопходна е ваква регулатива за се воведе ред во интернет просторот кој иако е многу слободен не значи дека не траби да биде и одговорен кон јавноста и демократијата.

Слично

Поврзани вести