Крај на една ера – Балмер го напушта Мајкрософт
Софтверскиот гигант Microsoft се наоѓа пред крај на една ера. Имено долгогошниот извршен директор Стив Балмер ќе поднесе оставка во рок од 12 месеци, објави Microsoft. Тој ќе остане на функцијата додека не дојде неговиот наследник. Денеска акциите на компанијата скокнаа за речиси 8 проценти.
„Никогаш не е совршен момент за овој вид на промени", изјави Балмер. „Но сега е вистинскиот момент".
Бордот на компанијата сега создаде специјален комитет во кој влегува и претседателот Бил Гејтс,за да најде наследник. Во предвид ќе се земаат како надворешните, така и интерни кандидати. Балмер е долго време во компанијата , а функцијата извршен директор ја доби во јануари 2000 година.
Под раководство на Балмер Microsoft мораше да поднесе многу критики, бидејќи влијанието на групата падна под зголемената популарност на мобилни уреди и интернет услуги. Microsoft сепак реагира и презеде радикална промена, а дури и почна да се натпреварува против долгогодишните партнери со таблети.
Во јули, сепак Microsoft гп разочара уште еднаш пазарот со резултатите за четвртиот квартал. Причината меѓу другото, беше и големиот отпис на износ на 900 милиони долари поради таблетите Surface. Токму овие изменети трендови ја натераа компанијата пред неколку месеци да преземе прво големи реструктуирање . Технолошкиот гигант ќе се концентрира на бизнисот со мобилни телефони, конзоли и услугите. Според зборовите на Балмер, Microsoft ќе биде е во состојба да реагира брзо на пазарните промени.
„Се гордеам со она што сме постигнале. Пораснавме од 7,5 милиони до близу 78 милијарди долари во текот на годините во кои сум дел од Microsoft и од 30 вработени некогаш веќе се речиси 100 000", пишува Балмер во интерно писмо до вработените на компанијата.
Тој работи во концернот од 11 јуни 1980 година и нејзиниот прв менаџер кој е доделен лично од Бил Гејтс.
Слично
