Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крај на доминацијата на Самсунг?

Крај на доминацијата на Самсунг?
Во последните неколку години компанијата Самсунг убедливо доминираше на пазарот со мобилни телефони и константно бележеше раст на бројот на испораки. Но, во последно време работите на овој пазар се менуваат и на Самсунг му се заканува, како што сметаат аналитичарите, сценарио од вистински кошмар. Кон крајот на минатиот месец оваа јужнокорејска компанија ги објави финансиските резултати за претходниот квартал, кои открија пад на приходите за 20% и на оперативниот профит за дури 60%. Исто така, според последните истржувања, компанијата бележи пад и во бројот на испорачани телефони за 11%, додека компании како Епл, ЛГ и Мјакрософт бележат зголемување на испораките. Најголемо зголемување има кинескиот феномен Ксиаоми. Оваа компанија која ја нарекуваат кинески Епл, само во последните три месеци забележа раст на испораките на „паметни“ телефони за неверојатни 267,3% во однос на истиот квартал лани, со што го зазеде третото место на глобалниот пазар на смартфони. Аналитичарот Нил Шах ја споредува ситуацијата на Самсунг со онаа на Нокиа, некогашниот мобилен гигант, кој со години доминираше со пазарот, но за кратко време доживеа стрмоглав пад. Еден од начините на кои јужнокорејскиот производител ќе се обиде да се спаси од ваквите црни сценарија се иновациите, па од компанијата најавуваат телефони со закривени екрани.
Слично

Поврзани вести