Крај на династијата Ким? Неизвесно дали сестрата на Ким Јонг Ун ќе го наследи
Додека се повеке прашања го заобиколуваат светот за можната смрт на диктаторот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, исчезнувањето на неговата сестра, Јо Јонг
го зазема центарот на вниманието, а можеби и главната работа која се однесува на негово наследување.
Клучни факти
Додека беше во центарот на вниманието на Олимиските игри во Пјонгченг во Јужна Кореа, 2018 година, Јо Јонг, како и многумина во нејзиното семејство, е мистериозна во однос на основни детали за себе, како на пример нејзината точна возраст.
Како миленичка на својот татко, Јо Јонг одела во училиште во Швајцарија, каде посетувала часови по балет пред да се врати во Северна Кореа пред 20 години
Со прекар „Иванка Трамп од Северна Кореа," Јо Јонг минатиот месец изјави дека претседателот Трамп и нејзиниот брат имале "посебни и цврсти лични односи" и покрај актуелните несогласувања за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Обвинета за спроведување пропаганда во Северна Кореја и за заштита на репутацијата на нејзиниот брат, таа неодамна ја нарече Јужна Кореја „исплашено куче што лае“ поради спротивставување на воената демонстрација во живо од страна на државата, пишува Гардијан.
Како знак за нејзината растечка моќ, Јо Јонг беше именувана како алтернативен член на Политбирото во текот на овој месец.
Меѓу моќната елита на Северна Кореја, Ким Јо Јонг има најголема шанса да ја наследи моќта и мислам дека таа можност е повеќе од 90%“, изјави аналитичар за Асошиејтед Прес. Некои шпекулираат дека може да се организира колективно раководство предводено од церемонијалниот шеф на државата Чои Рионг Хае, со што ќе се стави крај на династичкото владеење на семејството Ким. Ким Јо Јонг може привремено да служи само како привремен лидер. И, се разбира, секоја замена зависи од вистинската смрт или неспособност на Ким Јонг Ун, која сè уште не е позната.
Последниот официјален јавен настап на Ким беше на 11 април, каде што според извештаите на севернокорејските медиуми, одржа состанок на Комитетот на владејачката Работничка партија. И покрај тоа што не е невообичаено да исчезнат од очите на јавноста дури, во светот на големо се шпекулира дека севернокорејскиот лидер лидер, кој има историја на здравствени проблеми, е или мртов или сериозно болен.
