КРАЈ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ЗА НОВАК: Судиите едногласни-ќе биде депортиран
Новак Ѓоковиќ го
загуби случајот и ќе биде депортиран од Австралија, соопшти Федералниот суд
Тоа значи дека најдобриот светски тенисер нема да може да ја одбрани титулата на Австралија опен и ќе мора да ја напушти Австралија. Исто така, ваквата одлука повлекува можност Ѓоковиќ да добие тригодишна забрана за влез во земјава, но за тоа би се решавало во следниот период.
Главниот судија Алсоп на самиот почеток јасно ставил до знаење дека не се работи за жалба и одлука на извршната власт, туку дека се работи за преиспитување на законитоста на одлуката.
Конкретните причини за одлуката написмено ќе бидат доставени во наредните денови. Судијата Алсоп рече дека не верува дека се потребни дополнителни наредби.
Слично
