Крах на берзата на Аргентина
Фудбалерите на Аргентина можеби ја победија Босна и Херцеговина на Светското фудбалско првенство, ама на финансиски план државата не ја очекуваат триумфи.
Аргентинската берза денеска доживеа огромен пад, откако Врховниот суд одби да го разгледа спорот на државата против хеџ-фонд кредиторите. Аргентинската Влада со овие кредитори се обидуваше да испреговара реструктурирање на долгот, но дел од нив како „Елиот Менаџмент“ на Пол Сингер одбија да прифатат нови услови и бараат целосна исплата.
Двете страни веќе подолг период водат спор пред судовите - пониските судови одлучија дека Аргентина треба да ги врати парите, додека Врховниот суд целосно одби да го разгледа случајот и да ја преиначи ваквата одлука.
Како резултат на ова аргентинскиот Мервал индекс падна за повеќе од 7%. Аргентинската Влада ги нарече кредиторите„мршојадци“.
Слично
