Краен рок за „Северен поток 2“ е дури по четири години
По четири години - за толку време ќе треба да проработи т.н. „Северен поток 2“, по официјалната информација од рускиот гасен гигант „Газпром“.
Гасоводот практично ќе е продолжување на „Северен поток“, со што цевката ќе биде паралелна на сегашната и ќе минува по дното на Балтичкото Море. Двете нови цевки се со вкупен годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри кои ќе поминат по досегашната траса по дното на Балтичкото Море до германскиот град Граифсвалд. Целните пазари на „Северен поток 2“, според претседателот на „Гаспром“, Алексеј Милер, се Германија, Франција, Италија, како и гасниот центар „Баумгартен“, кој се наоѓа во Австрија, од каде може да се напојува и Јужна Европа.
Од ЕК веќе изразија незадоволство од идејата, бидејќи ќе се зголеми зависноста како од еден снабдувач, така и од еден пат.
