Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРАДЕЛЕ СКАПИ АВТОМОБИЛИ: Тројца Босанци се уапсени во Германија

КРАДЕЛЕ СКАПИ АВТОМОБИЛИ: Тројца Босанци се уапсени во Германија

Тројца Босанци се уапсени во Германија бидејќи краделе скапи автомобили вредни повеќе од 1,5 милиони евра. 

Околу 90 полицајци извршиле претрес на четири имоти во Дортмунд.  Информациите на Европол говорат дека оваа криминална мрежа ја сочинувале државјани на БиХ кои илегално престојувале во земјата и вршеле грабежи во сојузните покраини Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Хесен. Тие се осомничени дека ноќе упаднале во станбени згради за со помош на оригинални клучеви да украдат квалитетни автомобили „Мерцедес“, „Ауди“ и „ВВ“.  Истрагата е реализирана во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против закани од криминал (EMPACT), со поддршка на проектот финансиран од ЕУ „Борба против сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“ спроведен од италијанските, германските и холандските власти.

Слично

Поврзани вести