Крадци и ја украле чантата на Меркел додека пазарела
Kрадци вчера ја ограбиле екс германската канцеларка Ангела Меркел која отишла во продавница, објави агенцијата ДПА. И ја украле чантата додека пазарела во деликатес на Морсештрасе во Шарлотенбург околу 11:40 часот во четвртокот, пренесува Н1.
Полицијата потврди дека Меркел (67) ја пријавила кражбата во центарот на Берлин. Во украдениот паричник имало лична карта, кредитна картичка, возачка дозвола и готовина.
Најмалку еден телохранител од Федералниот оддел за криминалистичка полиција ја следел Меркел до продавницата. Полицијата уште ја истражува кражбата. Меркел цели 16 години беше канцелар.
Слично
