Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД ПРСТИ: Некои имале лезии на нозете, како од премрзнување - еве што велат стручњаците

КОВИД ПРСТИ: Некои имале лезии на нозете, како од премрзнување - еве што велат стручњаците

Симптомите на вирусот корона, кои го зафатија целиот свет и однесоа илјадници животи, според последните медицински извештаи, не се поврзани само со респираторниот систем.

Прво се појавија три основни симптоми - тешко дишење, гребење во грлото и температура. Сепак, тогаш беа пријавени симптоми на губење на вкусот и аромата. Но, имаше и еден многу необичен симптом од инфекцијата со коронарнавирусот.

Експертите идентификуваа осип на кожата што потсетува на смрзнатини како потенцијално бизарен нов вирусен симптом.

Невообичаени плускавци и виолетови рани на нозете на пациенти со КОВИД-19. За ова предупредија лекарите во Америка.

Американските експерти велат дека предупредувачкиот знак, кој го нарекуваат „КОВИД прсти“, треба да се анализира за да се утврди дали е тоа поврзано со болеста што ја предизвикува новиот сој на коронавирусот.

А се започна со случајот со пациентка од Лос Анџелес, Џесика, која страдала од болни чиреви на нозете, до кои дошло по првичните симптоми на коронаврусот - температура и кашлица.

„Погледнав надолу додека се подготвував за туширање и помислив - ох Боже мој, мојот прст на ногата поцрнел. Се чувствував како да имав плускавци на моето тело“, рекла Џесика. 

Откако се почешала, и пукнале вени на нозете. Џесика тогаш се јавила на дерматологот, а д-р Ширли Чи започнала да истражува случаи во Европа.

„Кога за прв пат го видов овој мистериозен осип, јас едноставно не ја знаев причината. Се спроведе студија во Северна Италија, која опфати 148 случаи во оваа земја и покажа дека секој петти пациент имал осип поврзан со КОВИД-19“, рече д-р. Чи. Таа и д-р Истер Фримен, дерматолог во општата болница во Масачусетс, за NBC изјавиле дека веруваат оти „прстите на КОВИД“ се поврзани со вирусот.

Д-р Фримен додаде: „Едната хипотеза е дека вирусот предизвикува голем број на воспаленија, а друга дека симптомот може да биде резултат на згрутчување на крвта“.

Виолетовите лезии, според нејзино мислење, може да се појават одеднаш на рацете или нозете, но оваа теорија треба да се провери затоа што симптомот може да се појави со или без други симптоми.

На 8 март, една Меѓународна федерација го пријавила еден од првите случаи на овој симптом кај 13-годишно момче. Лекарите прво помислиле дека промените во ногата се резултат на убод од пајак, но на детето му било дијагностициран КОВИД-19.

Откако ја проучувале медицинската историја на неговото семејство, лекарите дознале дека неговата мајка и сестри имаат треска, останување без здив и кашлале, шест дена пред да имаат лезии.

фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести