Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВИД -19: Дали секој десетти човек на планетата бил заразен?

КОВИД -19: Дали секој десетти човек на планетата бил заразен?

Се верува дека секој десетти човек на планетата бил заразен со коронавирусот. 

Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека десет отсто од луѓето во светот биле заразени. 

Мајк Рајан, раководител на одделот за кризи на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на Југоисточна Азија. 

Додаде дека е забележано зголемување на бројот на починати во делови на Европа и регионот во Источниот Медитеран.

„Се приближуваме до тежок период. Болеста сè уште се шири“, додаде тој.

СЗО избрала експерти за меѓународна мисија во Кина каде што се открива потеклото на вирусот. 

Сепак, тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.

Лани епидемијата се појави во Вухан, а денес во светот има 35.4 милиони заразени. 

Над 1 милион досега починаа, а повеќе од 26 милиони оздравеле. 

Слично

Поврзани вести