Ковчег со кукла со ликот на Ердоган оставен пред турската амбасада во Москва
Револтирани поради рушењето на воениот авион, руски активисти во петокот пред турската амбасада во Москва положија ковчег со кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
„Челниците на партијата “Родина “ во близина на амбасадата положија ковчег со кукла на дување со ликот на Ердоган кој ја симболизира денешната турска политика“, објави партијата во соопштение.
Дваесетина активисти учествувале во акцијата во текот на која се положени и два букета цвеќе со натписите „На непријателите на Русија„ и „На марионетите на САД“, според соопштението што го пренесува AFP.
По соборувањето на рускиот авион пред турската амбасада имаше протести каде демонстрантите фрлаа со јајца, кршеа прозорци и палеа постери со ликот на Ердоган.



