Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коста Конкордија стигна во Џенова

Коста Конкордија стигна во Џенова

Некогаш луксузен крузер, а сега само руина, довлечен е денеска во Џенова, четири дена откако е исправен во досега неизведената операција во отстранувањето на потонатиот брод, пренесува агенцијата АФП.

Се очекува италијанскиот премиер Матео Ренци да присуствува на врзувањето на остатокот од бродот на пристаништето, а се очекува и комплицираната операција да потрае неколку часа.

„Операцијата на исправување и влечење на остатокот од Конкордија не беше лесна. Тоа го изведе Италија, која, кога одлучила за оваа цел, може ла да направи се па и да не изненади и во тоа“, истакна Ренци.

Луксуниот крузер, двапати поголем од „Титаник“, удари во карпа кај малиот оостров Џилјо во јануари 2012 година откако се заплетка и преврте со 4229 патници од 70 земји.

Против капетанот на „Коста Конкордија“ Франческо Скетино моментално се води судска постапка под обвинение дека предизвикал бродолом и го напуштил бродот пред да бидат евакуирани сите патници.

'Рѓосананиот остаток на бродот тежок 114.500 тони и долг 290 метри, лежеше на привремена подводна платформа која го потпираше од септември минатата година, кога беше исправен крузерот.

 
Слично

Поврзани вести