Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Косовската опозиција, пак фрли солзавец во Парламентот

(ВИДЕО) Косовската опозиција, пак фрли солзавец во Парламентот

Еден час пред почетокот на седницата, опозицијата „Самоопределување" фрли солзавец во косовскиот Парламентот.

По нападот биле евакуирани пратениците и персоналот на Парламентот.

„ Опозицијата нема да молчи кога се работи за државен суверенитет, интересот на граѓаните, слободата и еднаквоста. Нашиот протест продолжува се додека не се повлечат Бриселските спогодби со Србија и од спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора" - вели опозицијата.

Од движењето соопштија дека пуштиле солзавец и во кабинетот на претседателот на Парламентот, Кадри Весели.

Опозицијата неколку пати ја бојкотира работата на Парламентот на Косово. Само пред една недела во собранието повторно беше фрлен солзавец, а седницата беше откажана.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=eyb4zx3lR0M[/embed]
Слично

Поврзани вести