КОСМОНАУТ УБЕДУВА: САД се качи на Mесечина, само мал дел е монтажа
По контраверзното интервју на режисерот Стенли Кјубрик, во кое три дена пред неговата смрт признава дека слетувањето на Месечината било лага, со демант излезе рускиот-космонаут Алексеј Леонов.
Космонаутот вели дека Американците навистина слетале на месечината, а само дел од кадрите биле снимени во студио.
„оа беше само за да може “гледачите да видат што се случува од почеток до крај”. Реалните слики почнуваат откако Армстронг ја поврзува специјалната антена за транслација кон Земјата.” – вели Леонов.
Тој убедува дека тој и други специјалисти гледале онлајн како првите стапалки на американските астронаути згазнале на Месечината.
“Кој би пренесил отворањето на подвижниот покрив однадвор, ако на Месечината нема никого”, коментира Леонов зошто било потребно да се додадат студиски снимки.
Инаку, во последното интрвју, режисерот Кјубрик, вели дека САД и НАСА прикажале лага од светски размери, а тој ја бил задолжен за режијата.
