Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кошмар за Западот: Кина ја испраќа својата војска во Русија на вежби

Кошмар за Западот: Кина ја испраќа својата војска во Русија на вежби

Овие воени вежби следат во екот на најголемата тензија во Тајванскиот теснец поради посетата на американски претставници на Тајван. Во меѓувреме, Кина започна и големи воени вежби во Жолтото Море

Кинеските војници ќе отпатуваат во Русија за да учествуваат на заедничка воена вежба со Русија и други земји, вклучувајќи ги Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

- Вежбите се дел од билатералниот годишен договор за соработка. Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани. Учеството на Кина во заеднички вежби не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација - се вели во соопштението на Министерството.

Овие воени вежби следеа во екот на најголемата тензија во Тајванскиот теснец поради посетата на американски претставници на Тајван. Во меѓувреме и Кина започна со големи воени вежби во Жолтото Море, а со вежбите го опколија Тајван и од море и од воздух. Имено, Кина го смета Тајван за своја територија, а САД ветија дека ќе му обезбедат мир и стабилност на Тајван, но не се подготвени да ја признаат неговата независност.

– Кинеската Народноослободителна армија продолжува со обуката и подготовките за војна, решително го брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет и решително ќе го уништи секој облик на сепаратистичка независност на Тајван и странско мешање – објавија неодамна кинеските власти.

Од друга страна, дел од руските медиуми пишуваат дека кинескиот претседател Си Џинпинг побарал од рускиот колега Владимир Путин да не започне воена интервенција за време на Олимписките игри во Пекинг годинава, на што наводно Путин се согласил. Иако кинеските власти на почетокот на руската инвазија на Украина тврдеа дека „треба да се почитуваат и штитат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на која било земја“, критичарите предупредуваат за позицијата на Кина кон Русија во 2014 година, кога Москва го анектираше Крим. Неколку месеци пред говорот на Кси во јуни истата година, Кина се воздржа од гласање во Генералното собрание на ОН за резолуција со која се отфрла руската акција.
Според експертите, Кина секогаш реагира како што ѝ одговара. Така таа го осуди нападот на Украина бидејќи тие се главните трговски партнери, но ситуацијата со Тајван ги измеша картите и ги расипа најавите на кинескиот претседател кој неодамна изјави дека Кина повторно ќе биде обединета. Да потсетиме, Русија непосредно пред почетокот на војната одржа воени вежби во Белорусија, чии позиции ги искористи за масовна инвазија на крајот на февруари.

Фото: Јутјуб принтскрин

Слично

Поврзани вести