Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кос вели дека ЕУ сака посилно партнерство со Турција

Кос вели дека ЕУ сака посилно партнерство со Турција

Европската Унија(ЕУ) сака посилни партнерски односи со Турција.

„Време е да се „фрли нов поглед“ на односите, бидејќи „посилните партнерства меѓу ЕУ и Турција би биле добитна комбинација за сите нас“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во ексклузивно интервју за агенцијата Анадолија пред нејзината посета на Анкара на 5 и 6 февруари.

Вели дека има многу повеќе работи што ги поврзуваат ЕУ и Турција отколку што ги разделуваат. 

Комесарката рече дека „со нетрпение го очекува“ својот прв официјален престој на Турција и објасни дека одржувала „интензивни контакти“ со своите турски колеги „од првиот ден“ на нејзиниот мандат, особено со министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Таа нагласи дека нејзината посета е во согласност со пристапот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да отвори нова перспектива за односите.

„Живееме во навистина предизвикувачки времиња. Светот околу нас се менува. Сведоци сме на враќање на империјалното однесување, бидејќи Кина, Русија и САД агресивно ги градат своите сфери на влијание“, рече Кос.

Во контекст на овие геополитички предизвици, таа повика на зголемена соработка.

Турција аплицираше за членство во 1987 година, а во 1999 година е признаена како земја-кандидат. 

foto printskrin

Слично

Поврзани вести