Кос испрати важна порака за влезот на Украина во ЕУ
Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Украина нема да стане членка на Европската Унија(ЕУ) до почетокот на 2027 година.
„Мислам дека сите во оваа просторија знаат дека е невозможно Украина да стане членка на ЕУ на 1 јануари 2027 година“, изјави таа на настан организиран од „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски промовираше забрзана временска рамка, но Кос нагласи дека процесот за членство во Унијата реално не може да биде врзан за фиксни рокови.
„Можам да разберам зошто претседателот Зеленски го споменуваше тој датум. Тој знае дека во блиска иднина Украина нема да може да стане членка на НАТО, па затоа бара гаранции за безбедност“, додаде Кос.
Кос истакна дека процесите на проширување историски биле успешни кога следеле јасен редослед.
„Инвеститорите ќе дојдат во Украина само ако прво можат да заработат пари и ако нивните инвестиции се безбедни“, нагласи еврокомесарката.
Таа потсети дека земјата треба да прави реформи. Инаку, претходно се споменуваше дека во 2027 година е можно Украина да влезе во ЕУ.Украина е во војна со Русија повеќе од четири години.
foto printskrin youtube
