КОС ДО УКРАИНЦИТЕ: Ветувам дека ќе ја внесам вашата земја, Украина во ЕУ
Eврокомесарката за проширување, Марта Кос вети дека Украина ќе добие членство во Европската Унија(ЕУ).
На Кличко му е врачена наградата на „Градоначалник Павел Адамович“, награда што ја доделува Европскиот комитет на регионите за промовирање на „слободата, солидарноста и еднаквоста“.
„Украина никогаш не била агресивна кон никого. Без ваша помош не можеме да преживееме. Членството во ЕУ беше „наш сон“, рече Кличко, заблагодарувајќи ѝ се на Кос за нејзиното ветување.
Клично изјави и дека одржувањето претседателски избори, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, би било „отров“ за Украина додека војната сѐ уште трае.
Инаку, Кос изјавуваше дека две земји до крајот на нејзиниот мандат имаат шанси да влезат во ЕУ, односно ги споменуваше Црна Гора и Албанија. Војната почна пред три години. Русија ја нападна Украина на 24 февруари во 2022 година.
Слично
