Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот жестоко удри врз старските домови во Германија

Коронавирусот жестоко удри врз старските домови во Германија

Стотици домови за стари лица во Германија се на жесток удар на коронавирусот. Државната телевизија АРД пренесува дека заразени со Ковид-19 има дури во 331 институции за стари лица, како и во установи за нега на лица. Од вкупниот број починати во Германија, кој до сега изнесува околу 1.900 луѓе, 226 лица се од старските домови ширум земјата, а само 118 се од најпогодената покраина Северна Рајна Вестфалија.

За да се спречи понатамошното ширење на болеста, властите воведоа максимално ригорозни мерки во домовите за стари лица во земјата, бидејќи во овие установи се згрижени повеќе од 800.00 луѓе, сите постари над 65 години.


Слично

Поврзани вести