Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот прво се појавил во Европа, па дури потоа во Кина?

Коронавирусот прво се појавил во Европа, па дури потоа во Кина?

Кинезите го посочија доказот дека коронавирусот прво се појавил во Европа. 

Властите се повикуваат на нова студија која сугерира дека заразата можеби се ширела во Европа уште во септември лани, три месеци пред да биде потврдено дека се шири во кинескиот град Вухан, објави „Тimes of London”.

Кина претходно ја анализираше ситуацијата во Шпанија, како и дел од американската армија, за која тврди дека вирусот го донела во Вухан во октомври лани при одржувањето на Светските воени игри.

Најновата студија од Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажува дека вирусот Ковид-19 во Италија започнал да циркулира на почетокот на септември 2019-та година. 

Но, многу научници се скептични за италијанската студија. 

„Знаеме дека Кина го одложуваше прогласувањето на епидемијата, така да не се знае кога таму точно има започнато. Кина има многу силни комерцијални врски со северна Италија“, изјави научникот Џовани Аполоне.

Кина и Италија имаат големи загуби поради вирусот. Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Италија, 11 месеци од почетокот на пандемијата, надмина 50.000, а само во последните 24 часа е зголемен за 630  жртви. Земјата беше во целосен карантин за да го спрчеи ширењето на вирусот. 

Слично

Поврзани вести