Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот не е создаден вештачки, тврди експерт од СЗО

Коронавирусот не е создаден вештачки, тврди експерт од СЗО

Експерт на СЗО, рускиот виролог Димитриј Лвов ја исклучи можноста дека коронавирусот e  создаден вештачки. 

Лицето кое било прв извор на заразата, веројатно јадело месо од животни кои имале еколошка поврзаност со лилјаците.  Експертот објаснува дека околу 150 вируси се пренесени на луѓето од дивите животни за време на припитомувањето. 

„Сомнежите за вештачкото потекло на коронавирусот немаат никакви вредности. Коронавирусите во главно се поврзани со лилјаци“, рекол Лвов во минатонеделната емисија на една руска телевизија.

Во извештајот на американската разузнавачка служба стои дека повеќе истражувачи на кинескиот Институт за вирусологија во Вухан заболеле уште во ноември 2019 година. Кина ги отфрли овие информации. 

Д-р Ши Зенгли, од Институтот за вирологија во Вухан, ги демантираше тврдењата дека коронавирусот можеби избегал од нивната лабораторија.

foto freepik

Слично

Поврзани вести