Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот најбрзо се шири во Авганистан

Коронавирусот најбрзо се шири во Авганистан

Во Авганистан, епидемијата се шири најбрзо (+86 проценти, нови 1.100 случаи на ден). Во некои делови од светот пандемијата забавува, а на други места забрзува. 

Пандемијата забавува во светот петта недела по ред, особено во Азија и Европа, објави денеска Франс прес.

Оваа недела во Азија има намалување за 28 проценти и во Европа за 13 проценти. Најголем пад има во Шведска (-36 проценти, нови 1.200 случаи на ден), пред Непал (-35 проценти, 5.000 случаи на ден), Индија (-35 проценти, 153.300), Бахреин (-32 проценти, 2.200) , и Италија (- 31 процент, 2700), Украина (-30 проценти, 2300) и Јапонија (-29 проценти, 3200).

Пандемијата исто така нагло забавила во САД и Канада (-28 проценти) оваа недела, а малку се забавила на Блискиот исток (-6 проценти), но се забрзала во Океанија (+ 51 процент), Африка (+ 18 проценти) и Јужна Америка и Карибите (+ 5 проценти). Во светот досега има над 173 милиони ковид случаи. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести