Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот ја намалува плодноста кај мажите

Коронавирусот ја намалува плодноста кај мажите

Ковид-19 е кобен за плодноста кај мажите, тврдат кинеските научници. 

Прелиминарните студии утврдија присуство на вирусот во примероци на сперма од пациенти со ковид-19. Загрижувачки е тоа што сперматозоидите на заразените пациенти се три пати побавни, а бројот на сперматозоиди бил драматично помал. Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти од заразата со ковид-19 врз плодноста кај мажите. САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во голем број витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата. Ова ги остава подложни на значителни оштетувања, бидејќи вирусот таму се населува и почнува неконтролирано да се размножува.

Претходно, имаше тврдења дека вирусот ја намалува плодноста и кај жените. 

Во светот досега се потврдени повеќе од 104 милиони случаи на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести