Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kоронавирусот ја фрли на колена Источна Европа

Kоронавирусот ја фрли на колена Источна Европа

Поради високиот број на заразени и починати, коронавирусот ја фрли на колена Источна Европа. Русија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија и Полска се тешко погодени од новиот бран. 

Русија има рекорден број на починати, а Бугарија бележи најголем дневен пораст, со мал број имунизирани. 

Русија денеска има 1.123 жртви, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. За 24 часа има 36.582 нови случаи, од кои 5.789 се во Москва. Бугарија евидентира 6.813 нови случаи во последните 24 часа.  Починале 124 лица, така што вкупниот број на починати од корона сега изнесува 23.440.

Унгарија денеска забележа 3.125 нови случаи, најмногу од април, а луѓето се повикуваат на вакцинација.  Полска  има 8.361 нови случаи на инфекција и 133 смртни случаи. 

Чешка, држава со 10,7 милиони жители, денеска пријави најмногу нови заразени од април, 6.274, скоро двојно повеќе од пред една седмица.

Слично

Поврзани вести