Koронавирусот ја фрли Индија на колена - нема каде да ги кремираат починатите
Koронавирусот ја фрли Индија на колена, и веќе нема каде да ги кремираат починатите.
Персоналот на крематориумот работи цела ноќ, а роднините на починатите помагаат во кремирање, носат дрва и помагаат во други ритуали. Семејствата мора да чекаат со часови пред да им дозволат да ги кремираат починатите. Повеќе од 27 нови платформи се изградени во крематориумот Сарај Кале Кан во главниот град, а други 80 се додадени во паркот околу постојната структура.
Пред само три месеци ситуацијата беше поинаква. Во јануари премиерот Наренда Моди ја спомна Индија како пример за земја што успешно ја контролира пандемијата. Тогаш во просек имаа околу 130 смртни случаи, што сепак беше малку за земја со скоро 1,4 милијарда жители.
Индија во саботата имаше рекордни 340.000 заразени за 24 часа и дури 2.600 починати. Сега е најлошо од почетокот на пандемијата.
Вирусологот Шахид Џимел објасни дека новите мутации на коронавирусот покажуваат дека врвот на пандемијата се очекува за две седмици. Тој вели дека бројот на заразени лица веројатно ќе биде поголем од 500.000. Се стравува дека бројот на починати ќе биде многу поголем од официјалниот.
Уште 2.600 членови на СЗО ќе отидат во Индија да помогнат. Земјата денес ја доби првата пратка од потребни медицински резерви. Неколку земји се понудија да помогнат. Но, има и земји кои ги прекинаа авионските врски со Индија поради новиот сој кој однесе многу жртви.
foto EPA
