КОРОНАВИРУСОТ ИМ ГИ ПОМАТИ ПЛАНОВИТЕ: Крузер оди во карантин поради заразени патници
Тргнаа на крстарење, a завршија во карантин.
Германски крузер, кој е на крстарење по Дунав, заврши во карантин крај Виена, откако е регистриран кластер на патници заразени со коронавирусот. Виенскиот Кризен штаб, објави дека на пловниот објект со 178 патници се дијагностицирани 80 позитивни, поради што сите туристи, вклучително и екипажот, завршија во карантин. Крузерот отплови од германскиот град Пасау, а заразените патници се откриени при тест на дел од нив кои сакале да шетаат низ Виена. Се работи на изнаоѓање на решение за враќање на патниците во Пасау. На почетокот од пандемијата, во светот имаше случаи каде цели крузери одеа во карантин, поради заразени со ковид - 19.
Фото: pinterest.com
Слично
