Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коронавирусот е регистриран за прв пат и на Куковите Острови

Коронавирусот е регистриран за прв пат и на Куковите Острови

Прв случај на заразен со ковид е регистриран на Куковите Острови. Тоа е патничка која пристигнала од Нов Зеланд. Жената немала симптоми, но била позитивна. 

Почнато е тестирање на сите контакти на заболената и досега не е забележана трансмисија, но на сила стапија некои мерки како што е забраната за патување меѓу островите. 96 проценти од населението веќе е имунизирано. Вирусот стигна и во оваа мала пацифичка земја која се протега на 15 острови и според последниот попис има 17.459 жители. Северна Кореја, Туркменистан, Тувалу и Наруру остануваат земји без случаи на коронавирусот. Малите островски земји долго време успеваа да останат безбедни и да немаат заразени со коронавирусот. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести