Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: Заразените трудници имаат поголем ризик да бидат хоспитализирани

КОРОНАВИРУС: Заразените трудници имаат поголем ризик да бидат хоспитализирани

Бремените жени треба особено да внимаваат да не се заразат со коронавирусот. 

Трудниците имаат поголем ризик на заболување од потежок облик на коронавирусот. 

Ова го покажува новиот извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Заразените трудници имаат поголем ризик да бидат хоспитализирани, примени на одделение за интензивна нега и ставени на респиратор, објави Си-Ен-Ен.

Истражувањето е базирано на информации кои се собрани од 326.335 жени од 15 до 44 години, кои биле позитивни на коронавирусот.

Центарот претходно објавил на својот сајт дека иако моментално нема податоци кои покажуваат дека коронавирусот влијае на трудниците различно отколку на други лица, знаеме дека трудниците имаат поголем ризик да се разболат од други респираторни вируси од лицата кои не се бремени.

Слично

Поврзани вести