Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: Од 3,3 милиони новозаразени, 2,1 се од Европа

КОРОНАВИРУС: Од 3,3 милиони новозаразени, 2,1 се од Европа

Две третини од заразените со коронавирусот во светот се од Европа. 

Од 3,3 милиони новозаразени, 2,1 се од Европа, пренесува "AP".

Европа е единствениот регион каде смртноста од коронавирусот е во пораст, откако во последните недели бројот на починати пораснал за пет проценти, објави Светската здравствена организација (СЗО). Седма недела по ред бројот на ковид случаи  расте во 61 држава. 

Најголем број на новозарзени има во Русија, Германија и Британија, додека бројот на смртни случаи во Норвешка пораснал за 67 проценти, а во Словачка за 38 проценти. 

Чешка вчера пријави 22.479 нови случаи, што е најголем број во земјата од 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата.  Овој дневен скок е зголемување од 54 проценти во однос на состојбата од пред недела дена и го надмина претходниот јануарски рекорд од 17.778 заразени во еден ден. 

Слично

Поврзани вести