Коронавирус: Израел воведе 14-дневен карантин за сите кои ќе допатуваат
Секој што ќе пристигне во Израел ќе треба да биде во карантин 14 дена за да се спречи ширењето на коронавирус, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Сите што доаѓаат во Израел од странство ќе бидат ставени во изолација“, рече тој во видео обраќањето објавено на Твитер.
Израелскиот министер за внатрешни работи Арих Дери, рече дека мерката ќе биде ефективна веднаш за сите Израелци што се враќаат во земјата.
Ова се однесува на странски граѓани од четврток, додаде тој.
Овој потег значи дека странските пристигнувања ќе мора да докажат дека имаат соодветно сместување за да бидат ставени во карантин за време на нивниот престој во земјата.
Слично
