Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАТА СЕ ШИРИ: Ова е град каде нема слободни болнички кревети

КОРОНАТА СЕ ШИРИ: Ова е град каде нема слободни болнички кревети

Во кинескиот главен град Пекинг снема слободни болнички кревети, а инфекцијата на коронавирусот се шири. 

Болницата Чуијанглиу е преполна со пациенти. До пладне веќе снемало слободни кревети, а Брза помош постојано носи нови инфицирани. Лекарите се фокусираат само на најтешките случаи.

Пациентите, главно постари луѓе, лежат на носилки во ходниците или се со маски за кислород додека седат во инвалидски колички затоа што појавата на Ковид-19 ги намали ресурсите на јавните здравствени установи во главниот град на Кина, Пекинг, јави Асошиејтед Прес.

Лекарите велат дека короната се враќа и во Србија, каде бројките на заболени се во пораст. 

Новиот вид на корона „Кракен“ е позаразен од сите досега, предупредува Светската здравствена организација. Оваа варијанта се шири во Европа.

Слично

Поврзани вести