Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРИСТАТ ПЕКАРСКИ КВАСЕЦ: Научници ќе создадат тест за корона кој за 15 минути ќе даде резултат

КОРИСТАТ ПЕКАРСКИ КВАСЕЦ: Научници ќе создадат тест за корона кој за 15 минути ќе даде резултат

Тим на научници работи на создавање на тест за коронавирус на база на пекарски квасец.

Австралијците се надеваат дека тој за 15 минути ќе дава резултат за тоа дали некој е позитивен на вирусот. Додаваат дека функционира на сличен начин како тест за бременост.

Владата на Квинсленд ѝ одобри 1,5 милијарди долари на биотехнолошката фирма „Шјинг технолоџис“ за финансирање на проектот. 

„Неколку капки од специјален раствор се ставаат на брисот од нос, по што тестот се нанесува на лента и резултатите се добиваат во рок од пет до 15 минути, во зависност од тоа колку сте заразени“, изјави шефот на истражувањето Јадвир Гревал.

Тој додава дека квасецот е обложен со честички кои го заробуваат вирусот како лепенка, по што тој се комбинира со технологијата која се користи во тестовите за бременост.

Сличен тест се развива и во САД и би можел да почне да се употребува до крајот на оваа година. 

Во светот бројот на заразени од коронавирусот се искачи на 33.9 милиони. 

Слично

Поврзани вести