Економија, финансии, бизнис

Контакт

Корисниците го губат интересот: Твитер изгуби 600 милиони посети

Корисниците го губат интересот: Твитер изгуби 600 милиони посети

Откако Илон Маск стана на чело на социјалната мрежа Твитер (сега Х), работите одат во непредвидлив правец. Сепак, ниту тој не е имун на ваквите вести.

Твитер изгуби 600 милиони посети минатиот месец, според аналитичката компанија SimilarWeb.

Ова е голема загуба, но ако се земе предвид дека и по него платформата има 5,8 милијарди посети, лесно може да се заклучи дека Твитер се уште е далеку од „изумирање“.

Треба да се има на ум дека ова не е бројот на изгубени корисници, но сепак ваквите податоци укажуваат дека помалку луѓе избираат да видат што има ново на Twitter.

Сигурно е дека за ова „придонесе“ и однесувањето на Маск, кој изгледа не е сигурен што точно сака кога се во прашање претплатите на платформата - пред некој ден се појави информација дека на сите корисници ќе им се наплаќа најмалку долар година.

Сè на сè, претстојат турбулентни денови, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во иднина.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести