Економија, финансии, бизнис

Контакт

Корејска и Катарска авиокомпанија заинтересирани за инвестирање во ЧСА

Корејска и Катарска авиокомпанија заинтересирани за инвестирање во ЧСА
Корејската ерлајнс и Катарската авиокомпанија се заинтересирани за инвестирање во чешката државна авиокомпанија ЧСА.

- Чешкиот аерохолдинг им се обрати на 52 најголеми меѓународни авиокомпании здружени во Асоцијацијата ИАТА и побара да го изразат својот интерес за учество во процесот на продажба на имотот во ЧСА, изјави чешкиот премиер Нечас информирајќи дека за понудите на Корејан ерлајнс и Катар ерлајнс ќе се одлучува на почетокот на идната година.

Започнувањето на новата приватизација на ЧСА откри дека фирмата поради правни спорови не може да се продава.

- Влезот на која било од овие компании би значело развој и перспектива за ЧСА, рече министерот за финансии Мирослав Калоусек кој додаде дека интересот на фирмите е врзан со ветувањето за отстранување на шест тужби кои се подадени против против чешката авиокомпанија. Сите тужби се поднесени од конкурентската „Травел сервис", која има побарувања од 108 милиони евра, врз основа на заем и камати. Според Калоусек, „Травел сервис" ќе ги повлече своите тужби откако ќерката фирма „ЧСА Холидејс" ќе ја прекине работата на пазарот на чартер летови.
Слично

Поврзани вести