КОПНЕНА ОПЕРАЦИЈА: Израелските командоси влегоа во Газа!
Командосите на израелската војска започнаа копнена офанзива во северните делови на Појасот Газа. Станува збор за прв копнен напад од почетокот на новите судири со палестинското милитантно крило на Хамас.
Цел на краткиот упад на палестинска територија била локација од каде во изминатите неколку дена биле упатувани ракети кон Израел. Военото крило на Хамас потврди дека израелските командоси размениле оган со палестинските борци, а портпарол на израелската војска објави дека во оваа операција полесно биле повредени четворица израелски војници.
„Во текот на мисијата изби оружен судир, што го започнаа неколкумина терористи кои се наоѓаа на тоа место, а во борбите полесно се повредени четворица израелски војници“, истакна портпаролот на израелската војска.
Ова беше прва копнена операција во Појасот Газа од почетокот на офанзивата која трае веќе една недела и во која се убиени најмалку 150 Палестинци. Војниците потоа се вратиле на израелска територија. Кратката операција ја извеле специјалните единици и се чини дека тоаљ сепак не е почеток на копнената офанзива во Газа со која се заканува Израел.
Но, воздушните напади се во полн ек. Само утрово, Израел 17 пати ја бомбардирал територијата на Газа, а Хамас возвраќа со воздушни напади кон израелска територија.
Слично
