Копилотова тајна – Ги цепкал „лудачките докази“ на парчиња за болеста која ја криел!
Германски обвинители објавија дека откриле докази според кои најмладиот пилот на „Germanwings“, осомничен дека извршил самоубиство или убиство со замисла и намерно го урнал авион со 150 патници, бил болен.
Тие не откриваат што е болеста на Андреас Лубиц, но објаснуваат дека тој ја прикрил од работодавците.
„Конфискувани документи со медицинска содржина покажуваат дека имал болест и ни покажуваат кое било лекувањето од страна на лекарите“, велат од обвинителството во Дизелдорф, каде пилотот живеел.
„Фактот дека постојат цепкани на парчиња болнички листови, во кои меѓу другото е кажано дека тој не е во состојба да работи - сосема нови и дури на денот на злосторството - ја одржуваат верзијата од прелиминарната истрага, дека тој ја криел болеста од работодавачот и од своите колеги.“
Обвинителите дополнуваат дека документите се откриени при претресите во станот на Лубиц во Дизелдорф и неговиот дом во Мантабаур во провинцијата Рајнска област-Пфалц.
Според нив нема знаци за какви и да е политички или религиозни мотиви зад активностите на пилотот на „Airbus А320“ од летот 4U9525, кој во вторникот се урна во Француските Алпи.
