Копилотката која загина во Непал, пред 16 години во авионска несреќа го изгубила сопругот
Копилотката Ању Кативада која во неделата загина во несреќата во Непал, ja доживеа истата судбина како нејзиниот сопруг кој загинал пред 16 години.
Тој загинал во авионска несреќа управувајќи авион за истата компанија, Јети ерлајнс, пишува Би-Би-Си. Неговата смрт ја поттикнала Ању да ја продолжи својата кариера. Таа останала сама со малото дете.
Сопругот, Дипак Покрел, се наоѓал во пилотската кабина на авион кој превезувал ориз и храна во западниот град Џумла кога авионот се урнал и се запалил во јуни 2006 година, при што загинале сите девет лица.
Четири години подоцна, Ању била на пат да стане пилотка, надминувајќи многу пречки за да тренира во САД. Откако се квалификувала, таа се приклучи на Јети ерлајнс. Била една од шесте жени во компанијата. Има летано скоро 6.400 часови.
Жената подоцна се премажила и добила второ дете. Продолжила да ја гради својата кариера. Сè уште не е јасно што довело до несреќата.
Најмалку 70 луѓе загинаа во најтешката воздушна несреќа во Непал од 1992 година.
фото: твитер/принтскрин
