Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОПЕНХАГЕН ГИ НАГРАДУВА ТУРИСТИТЕ КОИ КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Добиваат многу атрактивни награди

КОПЕНХАГЕН ГИ НАГРАДУВА ТУРИСТИТЕ КОИ КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ: Добиваат многу атрактивни награди

Данскиот главен град Копенхаген покрена нова иницијатива која има за цел да ги „присили“ туристите да користат повеќе еколошки превозни средства низ градот, како што се велосипедите и јавниот превоз. Иницијативата наречена „CopenPay“ предвидува награди за туристите кои ќе изберат да користат одржливи форми на транспорт.

Туристите кои ќе изберат да патуваат со јавен превоз или велосипед наместо да користат автомобил или такси, ќе бидат наградени со поволности како што се бесплатно кафе, билети за музеј и дополнителни 20 минути скијање на падината на Amager Bakke, постројка за претворање на отпадот во енергија што работи како ски-центар.

„Знаеме дека има голема разлика помеѓу намерата на туристите пред да дојдат и да потрошат пари. Знаеме дека четири од пет од нас имаат намера да дејствуваат одржливо, но само еден од пет од нас всушност го прави тоа“, рече Микел Аро-Хансен, извршен директор на компанијата „Wonderful Copenhagen“, официјална туристичка организација на главниот град на Данска, Копенхаген.

Според компанијата, вкупно 24 атракции, вклучувајќи ресторани и изнајмување кајак, учествуваат во новата зелена шема.

Награда за собирање ѓубре

Една од партнерските атракции, GoBoat, ќе им понуди на туристите бесплатно возење со брод при што ќе биде побарано од нив да го собираат ѓубрето од водите секој вторник за време на кампањата.

Банегарден, дестинација за храна и култура во центарот на Копенхаген, нуди бесплатен ручек за посетителите кои учествуваат во активности за чистење отпад во и околу неговата локација.

фото: Unsplash

Слично

Поврзани вести