Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коосновачот на Twitter стана дел од бордот на директори на Walt Disney

Коосновачот на Twitter стана дел од бордот на директори на Walt Disney
Коосновачот на Twitter, Џек Дорси, влезе во бордот на директори на Walt Disney, пишува весникот " Волстрит журнал " . Претседателот и извршен директор на Walt Disney Company Роберт Аигер изјави дека привлекувањето на Дорси во управувањето на забавниот гигант ќе му помогне да ги реализира своите стратешки цели. Тие предвидуваат " повеќе ефикасно користење на најновите технологии и платформи за да се привлечат голем број на луѓе и да се подобрат односите со клиентите " .Од своја страна , Дорси забележува дека поканата да влезе во бордот на директори на Walt Disney е голема чест за него . " Disney е компанија на сите времиња . Компанијата со која ние сме пораснале и на која и се восхитувам " , изјави тој. Агенција Асошиејтед прес наведува дека Дорси започнува со работа веднаш . Тој ќе го заземе местото на Џудит Естрин , поранешен технички директор на компанијата Cisco . Во март следната година за време на редовното собрание на компанијата ќе биде изгласано вклучувањето на Дорси во бордот на директори за целосен мандат.
Слично

Поврзани вести