Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конзервативците не сакаат Германија да ги олесни правилата за добивање на државјанство

Конзервативците не сакаат Германија да ги олесни правилата за добивање на државјанство

На удар е предлогот на германската влада да се олесни добивањето државјанство. 

Конзервативната опозиција реагира, но и најмалите членови на владејачката коалиција. Германската влада на 25 ноември објави дека работи на планови за поедноставување на добивањето државјанство преку забрзување на натурализацијата на имигрантите и овозможување на двојно државјанство, пишува агенцијата Франс прес. 

Натурализацијата би била можна по пет години престој во земјата наместо сегашните осум. Децата родени во Германија автоматски би станале државјани доколку еден од родителите имигранти легално живее во земјата најмалку пет години.

Германските конзервативци го обвинија канцеларот Олаф Шолц дека им дал нов поттик на луѓето да дојдат илегално преку Средоземното Море или Западен Балкан. 

При „посебни интеграциски придонеси“, некои странци би можеле да добијат државјанство и по престој од само три години. Тоа би било можно во случај кога доселениците покажале посебен академски, професионален или волонтерски ангажман или доколку особено добро го владеат германскиот јазик. За лицата постари од 67 години, планот е да се укинат формалните потврди за познавање германски јазик, а наместо тоа, би била доволна способност за вербално разбирање.

Слично

Поврзани вести