Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конверс тужи 31 фирма заради популарните „старки“

Конверс тужи 31 фирма заради популарните „старки“
Производителот на спортска опрема „Конверс“ поднесе тужба против 31 фирма, барајќи надомест на штета заради бесправно користење на логото на „ол стар“ патиките со печатот на Чак Тејлор. Меѓу тужените производители се и други светски познати брендови како H&M, Ралф Лорен, Волмарт, КМарт, Скечерс и Фила. Истовремено Конверс покренал тужба и пред Комисијата за меѓународна трговија во САД, која има моќ да спречи увоз на стока за која се смета дека прекршува права на интелектуална сопственост или е фалсификат. Правните процеси за повреда на интелектуална сопственост се долготрајни, но Конверс на своја страна го има најголемиот светски производител на спортска опрема, компанијата Најки.
Слично

Поврзани вести