Контроверзниот „Интервју“ од денес премиерно во киносалите во САД
Филмската комедија „Интервју“ најавено е од денес премиерно да биде претставен во некои киносали во САД и на интернет, и покрај спорот околу ова остварување и сајбернападот врз „Sony“.
„Sony“ претходно го повлече филмот кој раскажува за фиктивна завера за убиство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но го промени својот став по големиот број упатени критики како и изјавата на американскиот претседател Барак Обама во која тој вели дека овој настан е загрозување на слободата за изразувае.
Неколку стотици независни ккносали на територијата на САД се понудиле да го прикажат филмот и покрај заканите кои стигнале на нивна адреса.
Северна Кореја соопштила дека филмот го нарушува „дигнитетот на врховното раководство“.
Филмското остварување е понудено и на специјализираните веб страни „Youtube“ и „Play“, како и на платформата „Microsoft X-box“, но само за американската публика.
Портпаролот на „Sony“ изјавил дека филмот во овој момент ќе биде прикажан само во САД.
Федералното истражно биро соопштило дека зад хакерските напади стои Северна Кореја, но голем број експерти за сајбер безбедност го оспориле овој заклучок.
Слично
