КОНТРОВЕРЗЕН ЗАКОН: Децата ќе мора да извршуваат куќни работи
Шпанската Влада достави контроверзен предлог-закон, кој ако биде усвоен, може да ги обврзе децата до 18 години да извршуваат куќни работи, да чистат и помагаат во домот.
Ваквата обврска важи за сите деца, без разлика на полот, стои во предлог-законот.
Освен ова, се пропишува дека децата мора да учествуваат во „семејниот живот“, да ги почитуваат родителите, браќата и сестрите. Ќе мора да ги почитуваат и училишните правила и да учат колку што е потребно. Општо земено, ќе мора да одржуваат „позитивен став кон образованието“. Исто така ќе бидат обврзани да ги почитуваат своите наставници и другиот персонал во училиштата, како и своите колеги-ученици.
Нацрт-законот не одредува казни за децата кои нема да ги исполнат ваквите услови, но означува промена во законодавството со нагласок на одговорноста на децата. Наведените мерки се дел од поширок закон за заштита на децата, што треба да биде усвоен.
Меѓу другите одредби во законот, се предвидува и воспоставување на национален регистар на педофили на кои ќе им биде забрането да работат со деца. Училиштата и компаниите кои вработуваат персонал за работа со деца, ќе треба од потенцијалните кандидати да бараат и потврда за неосудуваност за вакви дела.
Инаку, оженетите мажи во Шпанија исто така можат да се соочат со санкции ако одбијат да извршуваат куќни работи. Со промената воведена во 2005 година, во брачниот договор е воведена клаузула која бара мажите да помагаат во домашните работи, да се грижат за децата и за постарите членови на семејството.
Слично
