Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОВЕРЗЕН ПЛАН: Сакаат да го преместат телото на Мухамед, а џамијата да ја урнат!

КОНТРОВЕРЗЕН ПЛАН: Сакаат да го преместат телото на Мухамед, а џамијата да ја урнат!
Едно од најсветите исламски места, гробницата на пророкот Мухамед во Медина, може да биде засекогаш уништено, а неговите посмртни останки да бидат преместени и погребани на тајна локација. Овој контроверзен план е идеја на саудискиот академик Али бин Абдулазиз ал-Шабала, кој изработил цел документ во кој предлага уништување на гробот на пророкот Мухамед во Медина. Дека предлогот не е наивен покажува фактот што него сериозно го разгледувале старешините на Џамијата на Пророкот, второ најсвето место за исламскиот свет, веднаш зад Мека. Џамијата позната по зелената купола е последно почивалиште на пророкот Мухамед, а Ал-Шабала повикува на уништување на сите простории околу гробот. Во Саудиска Арабија преовладува вахабизам, строга интерпретација на исламот, според која е забрането обожување на каков било објект или света личност, затоа што тоа се смета за идолопоклонство. „Аџиите ги посетуваат просториите околу гробот на Пророкот и се вртат кон гробницата за да се молат. Идејата е да се спречат во ваквата молитва, бидејќи вахабистите ја сметаат за идолопоклонство. Единствен начин да се спречат луѓето да го посетуваат гробот на Мухамед е да ги изнесат неговите посмртни останки и во тајност да го погребаат на друга локација“, вели друг саудиски академик Ирфан ал-Алави, кој се спротивставува на планот. Тој предупредува дека Џамијата на Пророкот веќе е обиколена со градежна машинерија, која ја расчистува околината. „Откако ќе завршат, ќе тргнат кон џамијата, додека очите на светот се свртени кон Ирак и Сирија“, предупредува Ал-Алави, според кого станува збор за исклучително вано место за исламскиот свет, кое го почитуваат и сунитите и шиитите.  
Слично

Поврзани вести